Хорор по хорор во Аргентина! Младиот фудбалер Вилијамс Александер Тапон (24) се самоуби откако тешко го повреди судијата за време на натпреварот, за кој претходно објавивме.
Потсетуваме, во текот на денот се појави снимка од фудбалски натпревар во пониските лиги, на која се гледа како фудбалер по добиен црвен картон, прво го тепа судијата со тупаници, а потоа го шутира во глава.
Судијата се здобил со тешки телесни повреди и во тешка состојба бил пренесен во болница. Арбитерот потоа поднесе обвинение за обид за убиство против Тапон.
Целиот инцидент доби голем публицитет во аргентинската јавност, која масовно почна да го осудува фудбалерот за насилничко однесување и да бара затворска казна за брутално претепување на судијата.
Тапон автоматски беше суспендиран, а се очекуваше полицијата наскоро да го приведе по барање на судијата.
Очигледно под големиот притисок со кој повеќе не можеше да се носи, фудбалерот го направи најлошото – ја крена раката кон себе.
Пред да се самоубие, контактирал со семејството на кое му испратил проштална аудио порака. Потоа се застрелал на железничката станица во градот Авељанеда.
Информацијата за неговото самоубиство ја потврди една од неговите сестри која била на телевизија и од телефон ја пуштила неговата проштална порака.
-Брат ми се самоуби поради сета болка што му ја зададоа, за се што го обвинуваа. Го носиме во мртовечница, брат ми се самоуби.
Аргентинскиот „Оле“ пренесува дека Тапон веќе имал полициско досие за трговија со дрога и насилство врз жени.