Фудбалска машина и во доцните години: Погледнете го кандидатот за гол на сезоната во режија на Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо продолжува да постигнува голови како на лента во Саудиска Про лига. Во победата на неговиот Ал Наср од 3:0 над Ал Акдуд, Португалецот постигна два гола, од кои вториот беше посебна убавина. 

Неговиот тим на полувремето водеше со 1:0, а во вториот дел во центарот на вниманието ќе биде само Роналдо. 

Прво постигна гол во 77. минута за да го постави конечниот резултат.

Пауло Витор, голманот на противничката екипа, истрча и интервенираше, а топката дојде до Роналдо, кој од околу триесетина метри со импресивен лоб – удар постигна гол.

Инаку, Португалецот оваа сезона постигна 18 гола во сите натпреварувања.