“ФУДБАЛСКА ПОБЕДА! МОНОПОЛОТ ЗАВРШИ!“ – Флорентино Перез се радува по шокантната одлука која може да го промени фудбалот засекогаш
Претседателот на Реал Мадрид и прв прв човек на Суперлигата, Флорентино Перез, по одлуката на Европскиот суд на правдата изјави дека ова е голем ден за историјата на фудбалот и порача дека европскиот фудбал повеќе нема да биде „монопол”.
Да потсетиме дека Европскиот суд на правдата утврди дека одлуката на УЕФА и ФИФА за забрана на клубовите да се приклучат во новата европска Суперлига е незаконска, што значи дека УЕФА и ФИФА немаат право да уценуваат клубови и сега веќе нема никакви пречки за формирање ново континентално натпреварување.
Во оваа прилика се огласи еден од водечките луѓе во Суперлигата, Флорентино Перез.
„Со големо задоволство ја поздравивме одлуката на Европскиот суд на правдата. Во наредните денови внимателно ќе ги проучуваме последиците од ова, кое според нас е од големо историско значење. Европскиот фудбал никогаш нема да биде монопол и од денес клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Се гледаме како способни да ги промовираме натпреварите што ги сакаме. Европа на слободата триумфираше“, посочи Флорентино Перез.
„Како што пред речиси 70 години направивме одлучувачки чекор за историјата на фудбалот со основањето на купот на шампионите, денес повторно имаме должност и одговорност да му дадеме на фудбалот нов импулс што му е очајно потребен“, вели Флорентино Перез и додава: „Продолжуваме да браниме модерен проект кој ќе биде целосно компатибилен со националните првенства, отворен за сите и заснован на спортски заслуги истовремено почитувајќи го финансискиот фер-плеј. Проектот ќе донесе економска одржливост на сите клубови, ќе ги заштити играчите и ќе ги израдува навивачите ширум светот“.