Виолетовиот фустан што го носеше принцезата Дајана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.
– Иконскиот фустан на принцезата Дајана на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, скоро 500.000 долари над проценката – по повеќе круга жестоко наддавање во аукциската соба #SothebysNewYork – беше објавено на Твитер.
Сотби нагласи дека фустанот „ја запечатил неговата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција “.
Проценет во Сотби на помеѓу 80.000 и 120.000 долари, тој беше дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели.
Принцезата Дијана го носеше фустанот додека позираше за официјален кралски портрет во 1991 година, како и за интервју за „Venity Fair“ во 1997 година, непосредно пред нејзината смрт.