Хакерите повторно напаѓаат! Постарите модели на телефони најсилно погодени

Хакерите постојано наоѓаат нови начини за упад во различни системи. Тие сега ја користат моќта на опасен тројанец за да ги нападнат постарите уреди со Android.

Не е толку ретко кога слушаме како хакерите се обидуваат да ја „пробијат“ заштитата на нашите мобилни телефони. Сега се чини дека постарите уреди се во голема опасност. 

Истражувачите предупредија на постоењето на тројанец со кодно име „Rafel RAT“ кој во најголема мера ги инфицира постарите телефони со Android .
 

Овие напади може да доведат до заклучување на уредот , по што од сопственикот се бара откуп и уценуван да испрати порака на Telegram за да го реши овој проблем и да може повторно да ги користи уредите.

Забележано е дека повеќе од 87 проценти од жртвите на овој тројанец работат со верзии на Android кои повеќе не добиваат безбедносни ажурирања. Најзастапена верзија е Android 11 (21,4 проценти), за која поддршката беше прекината пред речиси пет месеци.

Речиси половина од инфекциите со Rafel RAT биле откриени на телефони со Android верзии од 6 до 10, додека Android 5 изнесува дополнителни 18 проценти. Андроид 5 беше објавен пред девет години, а поддршката за овој оперативен систем беше прекината пред шест години.