Хакер предупредува на сериозната опасност скриена во надзорните камери што читаат регистарски таблички
Камерите што можат да читаат регистарски таблички се алатка за следење на улиците и автопатите, што се појавува и кај нас. Тие го олеснуваат идентификувањето на сопственикот на возилото кој направил прекршок, но истовремено тоа се средства коишто кријат една не многу позната опасност, открива еден хакер.
Камерите што читаат регистарски таблички се исто така огромни бази на податоци. Нивната работа е едноставна: тие користат софтвер кој им овозможува да ја препознаат марката, моделот и бојата на секое возило.
Тој систем е надополнет со оптичко препознавање знаци, благодарение на кој, можно е да се снимаат броевите и буквите на регистарските таблички. Овие информации се складираат и споредуваат со различни бази на податоци. Тоа овозможува да се лоцира возилото што ги прекршило правилата и да се извести соодветниот орган.
Американското Министерство за домашна безбедност издаде совет во кој се наведува дека стандардните камери што се користат за читање на регистарски таблички, во теорија, се ранливи на разни напади. Тоа е нешто загрижувачко со оглед на чувствителните информации што ги чуваат.
На својот канал на Јутјуб, Мет Браун покажува дека овие камери се лесно достапни за секој со одредено техничко знаење и интернет конекција.
Отворена врата за криминалците
Хакер кој ги поседува дури и најосновните компјутерски вештини, може да упадне и да ги искористи податоците за следење на движењата на возачите без нивно знаење. Со избирање на вистинските камери, можно е да се следат нечие движење со толкава точност што лесно може да се воспостават неговите секојдневни навики.
Јутјуберот пронашол десетици камери кои се целосно незаштитени. Тој исто така предупредува дека записите со податоци кои автоматски се генерираат секогаш кога ќе помине автомобил се достапни и за лице со мало програмско знаење.
Браун го покажува тоа со изградба на база на податоцикако што се марката, моделот, бојата и регистарската табличка на секое возило што поминува. Ако тој може да го направи тоа, може и криминалците. Тие, теоретски, би можеле да изберат неколку камери и да следат личност (анонимна или позната) деноноќно додека тие го возат својот автомобил за да воспостават модели и да го дизајнираат совршениот напад.