Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за неговиот клуб.
Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј утре во финалето на ФА Купот против Кристал Палас во 17:30 часот.
„Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа мора добро да ја завршиме сезоната и да освоиме трофеј. Добра навика е да се стигне до Вембли, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Имаме финалето на ФА Купот за играње во ужасна сезона“, изјави Халанд за Би-Би-Си, додавајќи:
„Кога ќе освоите четири титули по ред, а не ја освоите петтата, тогаш тоа нема да биде успешна сезона. Ние поставивме такви стандарди. Не се снајдовме добро во лигата, но сепак се надеваме дека ќе се квалификуваме за Лигата на шампионите.“
Халанд дојде во Сити од Дортмунд во јуни 2022 година за 60 милиони евра, а неговите голови му помогнаа на клубот да освои две Премиер лига, Лигата на шампионите, ФА Купот и Европскиот Суперкуп.
Оваа сезона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигна 30 гола и имаше четири асистенции.