Халид Бешлиќ еднаш откри која од неговите песни му е омилена: „Тоа беше мојот живот“

Во едно од своите интервјуа, Халид Бешлиќ откри која од неговите песни му е омилена, а тоа е песната „U meni jesen je“.

Видео споделено на TikTok прикажува исечок од интервјуто на Бешлиќ во кое тој вели: „Мојата омилена песна е „У мени јесен је“. Тој објасни и зошто.

„Тоа беше едноставно мојот живот, а потоа сфатив дека не можам да живеам без музика. Реков – свесен сум дека ќе пеам додека сум жив“, објасни легендарниот пејач.

@slomljen3 •U meni tuga je… počivaj u miru Božijem! 🪽❤️• #fyp #fypシ゚ #foryou #riplegends #halidbeslic ♬ original sound – ☦️

Бешлиќ пееше до неговата хоспитализација во август оваа година, а неговиот последен концерт беше во Бања Лука на 15 август.

Да ве потсетиме дека легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина на 7 октомври на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.

Оваа недела во негова чест ќе бидат организирани собири во градови низ целиот свет, откако актерот од БиХ, Енис Бешлагиќ, ги повика сите во БиХ, во регионот и пошироко да му оддадат почит на овој начин.

Почнувајќи од Сараево, каде што е закажано собирањето пред Вечниот оган, преку Бања Лука, Зеница, па до градови во Германија, Соединетите Американски Држави и Австралија – неделата во 17 часот е резервирана за збогување со легендата.