Халкидики во бело руво, снежна покривка и над Солун! Погледнете што направи студениот бран во Грција (ФОТО, ВИДЕО)

Во Грција од синоќа трае бранот студено време кој со бело ќебе зафати неколку области од северниот дел на земјата.

Од раните утрински часови врнежи од снег се забележани во планинските и полупланинските делови на централна Грција.

Во поголем дел од земјава се очекуваат врнежи, а на североисток спорадично невреме, додека попладне се очекува слабеење на овие појави.

Карактеристични се сликите од Солун, кој осамна со снежна бура во повеќе области, пишува Прототема.

Дополнително, пад на температурата денеска ќе биде позабележителен во централните и северните делови од земјава.

488534214_18389264101114088_7039332532956806005_n.jpg

Од вторник, 8 април, ќе биде зафатен остатокот од Грција, додека мразовите ќе се задржат во повеќе области на северната земја, главно во утринските и вечерните часови, до петок, 11 април.

Локално пороен дожд и невреме се очекуваат денеска до пладне на островите во источниот дел на Егејското Море. Локално обилни врнежи претпладне се очекуваат во источна Тесалија, Споради и северна Евија.

Локално обилни врнежи од снег се очекуваат до понеделник напладне во планинските и полупланинските предели на Тракија и Македонија (подрачја со надморска височина од 400 метри и повеќе) и локално во префектурата Еврос и во низинските предели.

Забележлив пад на температурата се очекува во Македонија и Тракија и постепено денеска и во вторник во централна и јужна Грција.

Смрзнување во северниот дел од земјата во вечерните часови во понеделник и во внатрешноста на цела Грција во утринските и вечерните часови во вторник и среда и во претпладневните часови во четврток.

Лерин од синоќа е облечен во бело, по обилните снежни врнежи во градот. Имено, училиштата ќе бидат отворени денеска во 9:15 часот со одлука на градоначалникот на градот.

Во понеделникот нешто пред 02:00 часот во Солун почна да врне снег, како што е прикажано на видеото на Forecast Weather Greece.

Обилни снежни врнежи од недела доцна навечер има во Касторија, Кожани и Драма.

Како што може да се види на Фејсбук профилот на Forecast Weather Greece, во интервали има многу обилни врнежи од снег и на Полигирос на Халкидики.

Силно невреме со град вчера го зафати северниот дел на Халкидики, а особено е интензивно во областа Палеохори и Мегали Панагија.

Како што може да се види на снимката од патот што ги поврзува двете села, градот ја прекрил површината на патот.

Возачите поради лизгавите услови беа принудени да ја намалат брзината, а интензитетот на град предизвика привремено намалување на видливоста.