Хамас бара да му се суди на Израел пред Меѓународниот кривичен суд за застрелувањето на двете палестински деца
– Палестинската група на отпорот Хамас повика за изведување на Израел пред Меѓународниот кривичен суд поради убивањето на двете палестински деца од страна на израелската војска.
Вчера, израелската војска застрела две палестински деца за време на рација во градот Џенин на северот на окупираниот Западен Брег.
„Намерното убивање на двете палестински деца во градот Џенин е ужасно злосторство што го разоткрива (израелскиот) окупациски садизам“, се наведува во соопштението на Хамас.
Хамас, исто така, ги повика меѓународните правни субјекти „да го осудат таквото одвратно злосторство, да го упатат до Меѓународниот кривичен суд“ и да ги повикаат Израел и неговите лидери на одговорност.
Палестинската државна новинска агенција Вафа ги идентификуваше двете момчиња како Адам ал-Гул (8), кој беше застрелан во главата, и Басил ал-Вафа (15), кој беше застрелан во градите.
Израелската војска соопшти дека извршила рација во Џенин и застрелала двајца вооружени Палестинци, и признала дека се убиени уште две лица во судирите во Џенин, но без дополнителен коментар.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а на него се гледа како двете деца се застрелани додека трчаат.
Тензиите се зголемија низ Западниот Брег откако на 7 октомври избија судири меѓу палестинските групи на отпорот и Израел во Газа.
Над 245 Палестинци се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 2.850 се повредени, според палестинското Министерство за здравство на Западниот Брег.