Хамас ги објави деталите од договорот со Израел

Во соопштението за медиумите се наведуваат следните услови од договорот:
Прекин на огнот низ Газа;

Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа;

Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори;

Нема израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена;

Израелците да немаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот;

Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.

„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме нивната непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги на ум жртвите, страдањата и грижите“, рече Хамас, а пренесува Скај њуз.