Хамас ги објави условите за ослободување на киднапираните Израелци: “Меѓу заробениците има и високи офицери на израелската Армија!“

Хамас бара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори во замена за заложниците што ги зеде за време на своите напади.

Медиумската агенција Reuters го цитира Калед Мешал, првиот човек на канцеларијата за дијаспора на Хамас, кој го поставил ова барање. Меѓу заробениците на групата, вели тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Веста доаѓа додека Турција соопшти дека е во преговори со Хамас за ослободување на цивилните затвореници кои ги држе ХамасХакан Фидан, турскиот министер за надворешни работи, разговараше во понеделникот со лидерот на ХамасИсмаил Ханије, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.

Reuters соопшти дека Калед Мешал изразил благодарност до Хезболах за „преземањето чекори“, веројатно мислејќи на нападите на северот на Израел од Либан, но вели дека тие мора да направат повеќе.

Тој, исто така, предупреди дека раселувањето на Палестинците во Појасот Газа ќе им наштети на националните безбедносни интереси на Египет, Јордан и Арапите.