“ХАМАС Е САМО МАРИОНЕТА!“ – Паднаа маските: Погледнете кој навистина стои зад масакарот во Израел и која е нивната цел

Набргу по веста за шокантниот напад на Хамас врз Израел кој се случи оваа сабота, Иран упати честитки до напаѓачите. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, ги поддржа злосторствата на терористичката група на социјалните мрежи и објави видео од посетителите на концертот кои бегаат од вооружените лица на Хамас.

Официјален Техеран никогаш не ги криел своите геноцидни намери кон еврејската држава и финансиски и воено ги поддржувал групите како Хамас и Хезболах кои се обидуваат да ја уништат земјата. Во овој случај, постои можност вмешаноста на Иран да биде уште подлабока. Иранските разузнавачи се обвинети дека имале директна улога во планирањето и давање зелено светло за последниот напад на Хамас.

Иран очекувано го негираше нападот, но ова треба да биде конечниот крај на заблудите што измачуваа многу од најдобрите геополитички умови. Во изминатата деценија се забележани сè поочајни обиди на западните влади да ги убедат Иранците да го намалат своето однесување. Ова резултираше со иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, кој наметна ограничувања на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на санкциите. Но, сега сите маски паднаа.

Иран не се промени, тој останува еден од водечките спонзори на тероризмот, а се прошири скептицизам за тоа дали може да им се верува на неговите нуклеарни ветувања. Поради ова, Доналд Трамп се повлече од договорот и подоцна нареди убиство на Касем Сулејмани, еден од мозоците на иранската терористичка мрежа. Санкциите беа повторно воведени и политиката на казнување на Техеран се чинеше дека има некои практични ефекти.

Откако Џо Бајден стана претседател на САД, ситуацијата се смири. Американската Влада неодамна одобри испраќање околу шест милијарди долари замрзнати средства како дел од договорот за ослободување на заложниците земени од Иран, но се отворија прашања за која цел Техеран ќе ги користи парите од САД.

Ако иранскиот режим одиграл улога во нападите на Хамас, тој веројатно имал поширока геополитичка цел отколку само убиствена желба и тероризирање на израелскиот народ. Хамас е марионета на конец. Во последните недели, Саудиска Арабија се чинеше дека се движи по истиот пат како Бахреин, Мароко и Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел според Абрахамскиот Договор.

Со децении, за поголемиот дел од арапскиот свет, израелско-палестинскиот конфликт беше основна пречка на патот кон целосното признавање, како и растот на трговските и културните врски. Ова почна да се менува бидејќи другите приоритети, вклучително и борбата против иранската агресија, дојдоа до израз. Многу земји од Персискиот залив станаа нервозни за вистинските цели на Техеран и го гледаа Израел како сојузник во борбата против Иран.

Можно е Хамас и неговите ирански спонзори да сметале на напад врз Израел за да ги прекршат сите договори меѓу Саудиска Арабија и Израел. На Ријад најверојатно ќе му биде потешко да објави историски пресврт во односот кон Израел во време кога презема воена акција против терористите на Хамас во Појасот Газа.

На Техеран и на истомислениците не смее да им се дозволи да победат од нивните злосторства, што значи дека Запад ќе мора да биде појасен за природата на заканата што ја претставува иранскиот режим и помалку наивен за потребата да се држат Саудијците на страна. Џо Бајден беше обвинет за кршење на Абрахамските договори, бидејќи неговиот претходник ги надгледуваше, и за непријателски односи со Ријад поради загриженоста за човековите права.

Сега поитно прашање е како да се ограничи Иран, кој, според сопственото признание, сака да ги уништи своите непријатели. Ризикот дека нападите на Хамас ќе предизвикаат поголеми регионални проблеми, а истите ќе се зголемат доколку Запад покаже слабост.