– Палестинската група на отпорот, Хамас, ги демантираше снимките што ги објави Израел за наводно предавање на одредени припадници на военото крило на Хамас во Појасот Газа.
„Хероите на Ал Касам нема да се предадат и лагите на окупаторите не можат никого да измамат“, изјави членот на политичкото биро на Хамас, Изат ал Ришк.
Изјавувајќи дека видеозаписот е „глупава театарска претстава“, Ришк рече:
„Претставувањето на видеоснимките кои ги снимија терористичките ционистички окупациски сили со ставање на оружје до нив откако заробија невооружени цивили не е ништо друго туку глупава театарска претстава. Окупаторите продолжуваат со своите напори да произведат лажна победа против отпорот.“
Ришк нагласи дека тврдењата на окупациските сили дека се уапсени припадници на Бригадата Ал Касам се далеку од вистината и се бесрамна лага, и дека со тоа не можат никого да измамат.
Наведувајќи дека ционистичките непријатели го почувствувале отпорот на терен, Ришк рече дека силите на отпорот секојдневно се спротивставуваат на израелските војници од неочекувани места.
Израелската војска објави снимка од група заробени Палестинци, без облека и со рацете во воздух, кои наводно припаѓаат на вооруженото крило на Хамас, како постапуваат по инструкциите на израелски војник и го предаваат оружјето.