Хамас соопшти дека неговите милитанти се подготвени да се соочат со израелските напади со полна сила откако Израел објави дека ги проширува копнените операции врз Појасот Газа.
Нејзините борци се судрија со израелските војници во североисточниот град на Газа, Беит Ханун и во централното подрачје Ал-Буреи, кои се наоѓаат во близина на границата, соопшти доцна синоќа вооруженото крило на Хамас.
Sky News не може самостојно да ги потврди овие извештаи.
„Бригадите Ал-Касам и сите сили на палестинскиот отпор се целосно подготвени да се соочат со израелската агресија со полна сила и да ги спречат нејзините упади. Бенјамин Нетанјаху и неговата поразена Армија нема да можат да постигнат никаква воена победа“, соопшти утрово Хамас.