Методите со кои Хамас произведува смртоносни ракети, кои од саботата ги гаѓаат областите на Израел, ги претстави палестинската организација во видеото што денеска го објави Хамас.
На видеото се гледаат членови на организацијата како копаат водоводни цевки од земја и ги обработуваат за да ги користат како основа за ракети.
Во исто време, тие истражуваат и потонати бродови, извлекувајќи секакви остатоци од метал што би им помогнале во производството на оружје.
Interesting video released by al-Qassam Brigades (Hamas’ military wing) showing how it digs out water pipes meant for Gazans and uses them to make rockets that are fired indiscriminately at Israel. Absolutely evil. #Gaza pic.twitter.com/eV1DwOarVc
— FJ (@Natsecjeff) May 25, 2021
Европската унија финансиски ја поддржа изградбата на водоводни цевки во Појасот Газа, а тие цевки наводно биле користени од Хамас за производство на ракети со кои го нападнаа Израел во саботата на 7 октомври, пишува британски „Телеграф“.
Европската унија испрати близу 100 милиони евра за изградба на модерен водовод.
Главната ракета што ја користи Хамас е ракетата Касам, која е направена од индустриски цевки, импровизирано ракетно гориво од шеќер и ѓубриво од калиум нитрат и комерцијални експлозиви. Кога започна војната во Израел, Хамас истрела дури 5.000 ракети од Појасот Газа.
„Телеграф“ не може самостојно да потврди кои ракети биле употребени во нападот во саботата, но се сомнева дека употребеното оружје било оружје што Западот го испратил во Појасот Газа како помош за таа држава.