Палестинската група Хамас во вторникот соопшти дека нејзините борци убиле израелски војник и уништиле неколку оклопни возила во Појасот Газа.
„Нашите борци се вклучија во судири со израелските сили северозападно од градот Газа“, се вели во соопштението на вооруженото крило на групата, Бригадите Ал-Касам.
Според соопштението, загинал израелски војник, а биле погодени тенк и оклопен булдожер.
Групата соопшти дека нејзините борци уништиле и три оклопни возила во северниот дел на Газа и уште едно возило источно од преминот Ерез со противоклопни гранати и експлозивни направи.
Бригадите Ал-Касам, исто така, објавија снимки од судирите меѓу нивните борци и израелските сили што се случија во неделата во близина на граничниот премин во северниот дел на Газа.
Од минатиот викенд, израелската армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на палестинската група Хамас на 7. октомври.
Повеќе од 9.800 луѓе се убиени во конфликтот во Газа, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.