„Хамас ја изгуби контролата на Газа“ Шокантни вести од Блискиот Исток: „Терористите бегаат на југ, цивилите ги ограбуваат нивните бази“
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата над Појасот Газа.
– Невозможно е да се запрат израелските вооружени сили (ИД). ИД напредува до секоја точка. Хамас ја загуби контролата над Газа. Терористите бегаат на југ. Цивилите ги ограбуваат базите на Хамас. Тие немаат доверба во владата – рече Галант, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека израелските сили напредуваат според плановите и „прецизно ги извршуваат задачите“.
Според него, ИД ги интензивирала своите активности во последните денови кога станува збор за нападите врз тунелите на Хамас во Појасот Газа.
– Немаме стоперка. Имаме цели. Ќе ги оствариме нашите цели – рече Галант.