Европскиот комесар за финансии, Јоханес Хан, денеска од Скопје испраќа порака до политичките актери наместо меѓусебно да соработуваат на патот кон ЕУ. Според него, ова е тимска задача, додека политичките сили треба да играат како фудбалска репрезентација, а не како поединци.
Во својот воведен говор на Економско-финансискиот форум во Скопје, Хан истакна дека процесот за членство во ЕУ останува процес заснован на меритократија.
„Не е дека ги чекаме најслабите или најзаостанатите кандидати за да ги стигнеме останатите. Ако сте ги постигнале работите што треба да ги постигнете, ќе ви се даде кредит. Ќе останам ваш постојан застапник и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно за крајната цел на Македонија. Ова е нешто што треба да го оставите на страна, партискиte, политичкиte интереси.
За ова можете да разговарате и понатаму како и за многуи за многу други различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое треба да ги вложите сите свои сили, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако го постигнете тоа, можете да го постигнете тоа што ви треба на време“, рече Хан,