Големиот бран на немири се уште трае во Франција, откако полицијата во близина на Париз го застрела 17-годишниот Наел М., што предизвика гнев кај илјадници луѓе.
Демонстрантите со денови палат автомобили во многу градови, влегуваат во продавници, кршат излози со цигли, се судираат со полицијата, а дури беше и нападнат и еден градоначалник.
Многу земји ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Франција, а дебатата за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата во маргинализираните заедници предизвика голем тест за претседателот Емануел Макрон.
Во меѓувреме, 17-годишниот Наел беше погребан, а неговото семејство и пријатели за француските медиуми изјавија дека младиот човек имал неколку претходни пријави за возење без дозвола, но никогаш не бил кривично гонет.

Сцените од Франција кои деновиве го обиколуваат светот на многумина им заморија, а се започна во вторникот, кога во автомобилот што го возел загина Наел М.
Пријател кој во тој момент бил со него рекол дека е точно дека Наел возел без дозвола, но дека полицаецот кој ги запрел од почетокот покажувал знаци на гнев.
Наводно во еден момент му рекол : „Не мрдај, ќе ти ставам куршум во глава“, а токму тоа и набрзо се случило, Наел бил застрелан од непосредна близина, по што практично веднаш починал.
Против полицаецот е покрената истрага, а на улиците започна незапирлив хаос, поради што земјата „изгоре“.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на големите градови како Париз и Марсеј, кои беа запалени и ограбени.
Се појавија снимки на кои се гледа како луѓето палат возила и се качуваат на згради со скршени прозорци, додека полицијата жестоко се судри со демонстрантите. Дури 45.000 полицајци се испратени на улиците низ земјата, но тоа не е доволно да се запрат немирите.
Немирите предизвикаа паника и кај францускиот претседател Емануел Макрон, кој одржа итен состанок со министрите и се обидува да ги премости поделбите и да ја обедини земјата во неговиот втор мандат.