Сточарите од 10 општини на југот на Албанија вчера повторно протестираа поради неисполнетите барања што ги испратија до Министерството за земјоделство.
Тие неколку минути го блокираа приодот кон државниот пат Кардик-Делвина, јавува Топ чанел.
Покрај барањето да се преговара за продажната цена на млекото, сточарите бараат и стимулации за обновување на пасиштата, обновување на планинските води, расчистување на заседите, регулирање на пазарот на месо, поради увоз, како и удвојувањето на субвенцијата по грло добиток.
Сточарите велат дека пред две недели добиле ветувања од надлежните за овие прашања, но дека тие не се исполнети.
Најавуваат дека ќе продолжат со протестот се додека надлежниот сектор не одговори на нивните барања.