ХАОС ВО АФРИКА: Српски туристи нервозни во Тунис, за малку до масовна тепачка! Мувла во собите, климата не работи, ги гаѓале, пцуеле…(ВИДЕО)

Однесувањето на некои српски туристи кои се наоѓаат во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи.

Имено, како што се наведува на социјалните мрежи, група туристи биле незадоволни бидејќи наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде се сместени, како и дека спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени.

Исто така се појавила и видеоснимка од незадоволни туристи, кои го обиколиле пултот на рецепција и се расправале со работниците во хотелот, а нивното однесување не било воопшто пријатно.

Тие им викале на работниците на рецепција, а една жена дури и ги нападнала.

Таа пцуела додека додека со постелнина ги гаѓала работниците на рецепција.

После тоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуел работниците во хотелот.

На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи.

Многу корисници на социјалните мрежи го осудиле однесувањето на српските туристи.

„Многу срамно и недозволиво однесување. Работниците во хотелот не се за ништо виновни, виновна е агенцијата. Со закон е забрането да се фотографира рецепционер на работно место, а да не зборувам за нанесување на повреди“, се наведува во еден од коментарите.

Некои корисници на социјалните мрежи го оцениле однесувањето на српските туристи како недозволиво.

„Госпоѓата која удира невин човек ќе ја почувствува магијата на затворот во Тунис, не и го направиле проблемот рецепционерите“, се додава во коментарите.

Во еден од коментарите се наведува дека туристите се расправаат со рецепционерите затоа што не им дале телефон да ја контактираат амбасадата.

„Проблемот е во тоа што не го добиле тоа што го очекувале, собите немаат клима, но однесувањето на жената е скандалозно“, напишала една корисничка.

Еден корисник додал дека агресијата не е решение и дека ваквото однесување е срамно за земјата.