ХАОС ВО ГРУЗИЈА – Жестоки протести против новиот закон, полицијата со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите! Што се случува !? (фото/видео)
Властите во Грузија употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа пред зградата на парламентот во главниот град Тбилиси, против предлог-законот што го сметаат за задушување на слободата на печатот.
Законот ќе бара од медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странски извори, да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.
Грузиската полиција и специјалните сили се соочија со демонстрантите кои почнаа да фрлаат петарди, камења и молотови коктели врз полицијата по усвојувањето на законот
Меѓународните организации изразија загриженост за настанот.
Стотици демонстранти со денови се собираат во знак на протест против предложениот закон, а во еден момент дојде и до тепачка меѓу пратениците во парламентот.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили изјави дека ќе стави вето на законот, но неговите автори велат дека е неопходно да се постигне транспарентност во работата на субјектите финансирани од претставници на странски држави. Парламентот сепак може да го отфрли претседателското вето.
Во Русија, законот за странски агенти често се користи за затворање на организации и новински куќи кои ја критикуваат владата.
Грузиските граѓански активисти и претставници на опозицијата ги блокираа двата влеза во зградата на парламентот, извикувајќи: „Не на рускиот закон!“, „Руси!“ и „Робови!“.
САД и Европската унија ја предупредија Грузија дека усвојувањето на овој закон ќе им наштети на нејзините шанси некогаш да се приклучи на ЕУ и НАТО.