Хаос во Истанбул! Приврзаниците на градоначалникот се судрија со полицијата! Ердоган бара да го отстрани Имамоглу од политиката? (видео)

Турската полиција денеска употреби сила за да растера група демонстранти кои се собраа пред судот во Истанбул за да го поддржат градоначалникот Екрем Имамоглу, кој сведочеше во две нови истраги против него.

Имамоглу е можен иден лидер на главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и досега најсериозен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

земја.jpg

Имамоглу денеска два часа сведочеше пред обвинителите во врска со изјавите што ги дал за главниот обвинител и вештачење. Критичарите тврдат дека истрагите се дел од напорите да се отстрани Имамоглу од политиката.

Полицијата спречи автобус на ЦХП да се приближи до судот, а дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која одговори со солзавец. Не е познато дали имало апсења. Имамоглу, на друго место, одржа говор пред приврзаниците од покривот на автобус.

– Денешното прашање е прашањето за барање права и правда. За жал, денешното прашање произлегува од заговор кој се подготвува против Истанбул – рече тој.

Тој веќе е осуден за навреда на членовите на Врховниот изборен совет на Турција и се соочува со забрана од политиката доколку таа пресуда од 2022 година биде потврдена од повисокиот суд. Нему му се суди и за вмешаност во наводно местење понуди на тендер од 2015 година.

Имамоглу првпат беше избран за градоначалник на Истанбул во март 2019 година, што претставува историски удар за партијата на Ердоган, која го контролираше Истанбул четвртина век.

Тогаш владејачката партија се обиде да ги поништи резултатите од градските избори, наведувајќи ги нерегуларностите. Изборите затоа беа повторени неколку месеци подоцна, а Имамоглу повторно победи и беше реизбран за градоначалник на најголемиот турски град минатата година.