Хаос во Истанбул – судир на студентите и полицијата поради Имамоглу! Градоначалникот на Истанбул ја помина првата ноќ во затвор, уапсен поради објави против Ердоган (ВИДЕО)

Турските власти уапсија десетици лица осомничени за „провокативни“ објави на социјалните мрежи, откако полицијата вчера го приведе градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган беше уапсен вчера заедно со уште стотина лица, меѓу кои и политичари, новинари и бизнисмени.

Имамоглу е осомничен по повеќе основи, вклучително и водење криминална организација, помагање терористи, примање мито и местење тендери.

Налогот за апсење на градоначалникот на Истанбул беше издаден само неколку дена пред внатрепартиските избори во главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), на кои се очекуваше Имамоглу да биде избран за кандидат на ЦХП на претседателските избори во Турција.

Избори се планирани за 2028 година, но се споменува можност за предвремено гласање.

ЦХП рече дека апсењето на Имамоглу е „обид за државен удар против идниот претседател“.

турска06 ЕПА Нецати Савас.jpg

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, утринава објави дека полицијата идентификувала 261 „осомничени менаџери на сметки“ на интернет, додавајќи дека овие лица објавуваат содржини што „ја поттикнуваат јавноста на омраза и непријателство“ и „поттикнуваат на извршување криминални дејствија“.

– Уапсени се 37 осомничени, а се работи на фаќање и на останатите осомничени – рече Јерликаја.

Би-би-си јавува дека Имамоглу ја поминал својата прва ноќ во затвор, но дека неговата опозициска партија засега сè уште ја контролира власта во Истанбул.

Еден од неговите претходни говори вчера беше емитуван на звучници на метро станиците низ најголемиот турски град.

– Се колнам во мојата чест дека ќе победам во оваа борба – рече Имамоглу во тој говор.

xxx02 EPA Erdem Sahin.jpg

Британскиот медиумски сервис јавува дека студентите марширале низ улиците на Истанбул под пороен дожд, извикувајќи ја паролата на опозицијата „Не се плашиме, нема да замолчиме, нема да се потчиниме“.

Би-би-си јавува дека бројот на демонстранти е сè уште релативно мал за град со повеќе од 16 милиони луѓе.

ekrem03 EPA Erdem Sahin.jpg

Засега не се доволни за да извршат политички притисок врз Ердоган да го ослободи Имамоглу.

И покрај тоа, полицијата вчера се судри со демонстрантите на неколку локации во Истанбул, при што врз нив испука солзавец и бибер.

Уапсениот градоначалник ги повика демонстрантите вечерва повторно да се соберат пред градското собрание.

Британскиот интернет-мониторинг сајт Netbloks објави дека турските власти го ограничиле пристапот до социјалните медиуми во земјата по апсењето на Имамоглу.