Тензиите во Косово не завршуваат
Три експлозии одекнаа во текот на ноќта на северот на Косово и Метохија, изјави за Танјуг заменик-командантот на таканаречената косовска полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.
Елшани рече дека една шок бомба била фрлена во близина на полициската станица во Звечан, а една во близина на полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица.
Тој додаде дека е каменувано и едно полициско возило, а врз него била фрлена и шок бомба.
– Тоа се случи во периодот од 23 часот и 30 минути до еден час по полноќ – прецизира Елшани.
Тој додаде дека нема повредени. Елшани рече дека имало мала штета на полициското возило, кое било каменувано.