Хаос во Косово: Шок бомби и солзавци во неколку населени места: Вучиќ ја испрати војската на граница

Вучиќ ја подигна борбената готовност на единиците на српската војска поради судирите меѓу полицијата и граѓаните што се случија во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ – места на северот на Косово.

Десетици специјалци на косовската полиција со џипови пристигнаа до зградите на локалните самоуправи во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

РТС јавува дека употребиле солзавец и шок бомби. Оклопни возила и специјалци се пред зградата на општина Звечан а полицијата влегла во зградата на општината.

На влезовите во зградите на локалната самоуправа во сите три населени места се собраа групи Срби вработени во институциите на тие општини.

Насобраните граѓани се судрија со полицијата. Очевидци известија дека се слушнале истрели, а било запалено и полициско возило. Во Лепосавиќ биле поставени барикади.

Наставата е прекината на факултетите и училиштата во Косовска Митровица.

Косовската полиција соопшти дека им помага на новоизбраните градоначалници да го остварат правото на работа во официјални општински зградии да преземат безбедносни мерки, да го одржуваат редот и јавниот мир.

Конфликтот се случи во време кога голем број Срби од Косово отидоа во Белград за да учествуваат на митингот на претседателот Александар Вучиќ. Повредени се десет граѓани.