ХАОС ВО НАПОЛИ ПО ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА! Италијанските медиуми откриваат: Спалети го напушта клубот поради конфликт со газдата?!
Иако по 33 години му ја донесе шампионската титула на Наполи, италијанскиот стручњак Лучијано Спалети би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ открива дека Спалети е во лоши односи со сопственикот на клубот, Аурелио Де Лаурентис и дека поради ова нема да остане на клупата на новиот шампион на Италија.
Наводно, Де Лаурентис не му ја ни честитал титулата и не го споменува во изјавите и плановите за големото славје.
Иако има уште една година од договорот со клубот, тој речиси сигурно ќе го напушти Неапол, а веќе се шпекулира кој би можел да го наследи на клупата.
Како негови потенцијални замени се споменуваат Антонио Конте, Рафа Бенитез, Гасперини и Винченцо Италијано.