Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.
Како што пренесува „Фонтанка“, мажот повикал полиција и рекол дека наводно поставил експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтаи.
Мажот бил приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.
Зградата сега ја испитуваат експерти за експлозиви.