Поддржувачите на опозициската Демократска партија на социјалистите, чие главно упориште е Цетиње, организираа протести револтирани од доаѓањето на претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ, кого го нарекуваат фашист. Тензиите се проширија и во Собранието каде што дојде до тепачка меѓу пратениците.
Пратеникот на ДПС, Оскар Хутер, му порача на пратеникот на НСД, Славен Радуновиќ, дека треба да се срами од неговото предавство на Црна Гора и дека тие не го почитуваат Уставот.
– Не ги почитувате Уставот и законите. Со мека реторика сакате да заведете дел од Црна Гора. Рековте дека Цетиње не заслужува да биде главен град. Сакавте споменик на Аца Паликуќа. Рековте дека сакате граѓаните да слушнат сè – рече тој, пренесува Борба.
После тоа, Мандиќ паузирал кога дошло до расправија меѓу него и претседателот на ДНП, Милан Кнежевиќ, каде Хутер им довикувал да се смират.
После тоа дошло до тепачка во Собранието.