Во големото дерби на турскиот шампионат, се степаа играчите на Фенербахче и Трабзон, откако дојде до инцидент во близина на корнер знамето.
Инцидентот се случи при крајот на натпреварот по голема нервоза на теренот
Поради поострата игра на локалните играчи се создаде голема гужва во која учествуваа речиси сите фудбалери, освен Србинот Душан Тадиќ.
Капитенот на српската репрезентација само гледаше сè од страна и со рака им гестикулираше на соиграчите да го прекинат хаосот и да се вратат да продолжат со натпреварот.
Во сè се вклучија навивачите кои фрлаа шишиња со вода на теренот.
Фудбалерот на Фенербахче, Миши Батшуаји, дури и нокаутираше еден од навивачите во гужвата, што камерите го снимија.
На крајот Фенербахче победи со 3:2 , а Трабзон и покрај поразот остана трет на табелата, додека победникот е на второто место.