Хаос за време на отворањето на Олимписките игри поради најпознатата слика во светот! „Мона Лиза“ мора да се врати во Италија!
Познатиот египетски археолог Захи Хавас предизвика вистинска бура во светската јавност кога за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз побара од Франција да и ја врати познатата Мона Лиза во Италија.
Французите ова уметничко дело насликано од италијанскиот уметник Леонардо да Винчи го чуваат во најпознатиот музеј во светот Лувр кој се наоѓа во нивниот главен град.
Вчера целото внимание на светската јавност беше насочено кон познатиот француски музеј, па повторно беше актуелизирано прашањето околу најпознатата слика во светот.
Познатиот археолог ја покани италијанската министерка за култура на соработка околу враќањето на „Мона Лиза“ од Франција во Италија.
– Ќе разговарам со министерот кога ќе го видам. Италија и јас можеме да ги здружиме силите за да ги вратиме украдените артефакти од Италија. „Џоконда“ е најважна работа. Мора да се врати во Италија – изјави Хавас во изјава за италијанските медиуми.
За кој многумина сметаат дека е најголемиот археолог на светот, тој исто така ги повтори своите претходни барања трите египетски артефакти – каменот од Розета, бистата на Нефертити и Зодијакот од Дендера кои се изложени во Лувр – да бидат вратени во Египет.
Да Винчи пред својата смрт ја продал „Мона Лиза“ на францускиот крал Франсис I, кој ја чувал во замокот Амбоаз.
По Француската револуција, сликата најде нов дом во Лувр, но Наполеон ја зеде и ја стави во својата спална соба. По неговата абдикација, „Мона Лиза“ се врати во Лувр.
Винченцо Перуџа ја украл сликата од Лувр во 1911 година, сакајќи да ја врати „дома“ во Италија. Се веруваше дека е засекогаш изгубена, но на крајот на 1913 година „Мона Лиза“ неочекувано се појавува во Фиренца. Од почетокот на 1914 година повторно е во Лувр.
Дебатата за враќањето на ова ремек дело трае со векови, но последниве години станува се поинтензивна. Холивудскиот актер Џорџ Клуни изјави неодамна за време на промоцијата на неговиот филм „Операција: Чувари на наследството“.
– Мислам дека имате многу добар аргумент за вашите артефакти. Можеби не би било лошо да се вратат. Мислам дека тоа е добра идеја. Тоа би било многу фер и убава работа – изјави Клуни.
Минатата година италијанскиот велосипедист Алберто Бетиол напиша на социјалната мрежа Х за време на Тур де Франс по средбата со претседателот Макрон.
„Господине претседателе, ве молиме вратете ни ја Мона Лиза и ви благодариме што дојдовте на Тур де Франс “, напиша Алберто.