Хаос на аеродромот; Судир на два авиона

На аеродромот Нои Баи во главниот град на Виетнам, Ханој, во петокот попладне се судрија „Боинг“ и „Ербас“.

Додека „Боинг 787“ се движел кон пистата, десниот врв на крилото удрил во задниот дел од „Ербас А321“ , кој исто така чекал полетување. „Боинг“ буквално ја скинал опашката на „Ербас“, објави „Јутарњи лист“, пишувајќи за германскиот „Билд“ .

Според извештаите, двата авиони се во сопственост на „Виетнам ерлајнс“ . По судирот, двата авиони останале на земја поради технички преглед.

За 380 патници , од кои ниту еден не е повреден, беа обезбедени други авиони за да го продолжат патувањето.

„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четворица пилоти, а прелиминарните информации укажуваат на можноста дека „Ербасот“ не бил правилно паркиран, што можело да доведе до несреќата.

Инцидентот е класифициран како сериозно нарушување на безбедноста , објави „Билд“.