Километарски колони на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се чека дури над 4 часа да се влезе во Грција. Фотографиите што ги испраќаат српските туристи додека се заглавени во колоната возила се застрашувачки.
Од АМСМ велат дека освен на овие два гранични премини и на Табановце има огромни гужви додека на другите премини нема подолги задржувања.