Хаос на детска роденденска забава во игротека: Срби осомничени за убиство, се претпоставува и дека побегнале во Србија
Австриската полиција интензивно трага по Саша К., Милован Д. и Саша Ј., по потекло од Србија, откако беа осомничени за убиство на Златомир Ј. (66) во кафуле во Восендорф, Австрија.
Тие гостувале на роденден на тригодишно дете каде најпрвин дошло до вербална пресметка, а по извесно време дошло и до физичка пресметка.
Тројцата толку брутално го претепале Златомир што доживеал срцев удар, поради што неговиот син морал да го реанимира. И покрај тоа што виделе дека синот се обидува да му помогне на својот татко, насилниците продолжиле да го клоцаат и удираат.
Жртвата на оваа пресметка Златомир Ј. почина од срцев удар. Неговиот син Златан (29) се обидел да го оживее и да го одржи во живот, но мажот од повредите починал во болница.
Дури кога сведокот повикал полиција, тројцата се собрале и побегнале во непознат правец.
Државното обвинителство во Винер Нојштад издаде таканаречена европска потерница по барани државјани на Србија.
Главниот осомничен (45) за ова дело повеќе пати бил осудуван, а како што пишуваат австриските медиуми, најпрвин ги нападнал Златомир Ј.(66) и неговиот син Златан.
Сепак, според австриските медиуми, осомничените по конфликтот побегнале со автомобил во непознат правец, а наводно се наоѓаат во Србија.
За потсетување, на 29 мај годинава тројца Срби, инаку, кои се во роднинска врска (татко, син и внук) брутално ги нападнале таткото и синот кога биле претепани, како што пренесуваат австриските медиуми, со двете раце и стапалата, така што постариот маж починал во болница како последица на повредите.
Австриската полиција трага по нив, а се вели дека зад таков напад се крие кавга меѓу две семејства кои долго време се скарани, пишува ОЕ24.