Принцот Хари бил сам на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, додека неговата сопруга Меган Маркл останала со децата во Америка.
Иако Хари се врати во Калифорнија веднаш по официјалниот дел од крунисувањето, Меган беше фотографирана како планинари со пријателите следниот ден, а принцот не беше со нив.
Меган беше спортско облечена и расположена, а не и пречеа премногу фотографите кои ја препознаа и покрај очилата и големата капа што ги носеше.
Потсетуваме, британските медиуми пишуваат дека кралот Чарлс бил тажен бидејќи Хари, Меган и нивните деца не биле на свечениот ручек по крунисувањето, а наводно му испратил специјална здравица на својот внук Арчи по повод неговиот роденден.
Принцот Арчи наполни четири години во саботата и го помина денот со својата мајка Меган, војвотката од Сасекс, во нивниот дом во САД.