Хасани: Албанија во Советот за безбедност на ОН се приклучи на придонесот со сојузниците во корист на мирот
– Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, денеска го организираше завршниот состанок „Албанија во Советот за безбедност, придонес за глобалниот мир и безбедност во најпредизвикувачките времиња“, кој, како успешен го оцени двегодишниот мандат на непостотојана членка во Советот за безбедност во ОН.
Според албанскиот шеф на дипломатијата, Албанија му покажала на светот дека знае како една мала земја може да придонесе со своите сојузници за мирот и стабилноста.
-Мандатот на Албанија во Советот за безбедност на ОН ја покажа улогата и придонесот што малите земји можат да го дадат во почитувањето на меѓународното право и справувањето со итните глобални прашања како што се мултилатерализмот, климатските промени и агендата за мир и безбедност. За време на најпредизвикувачките времиња, дадовме придонес за глобалниот мир и безбедност заедно со истомислениците, особено во справувањето со нелегалната агресија на Русија против Украина, оценува тој.
За Украина, ние заедно со САД силно ја браневме каузата за слобода, додава Хасани, нагласувајќи дека „секој напор за мир е најдобрата инвестиција за иднината“.
-Денес, заедно со пријателите и партнерите, заокруживме две години посветеност на Албанија во Советот за безбедност, целосно убедени дека вложувањето во мирот, е без сомнение, најдобрата инвестиција за иднината. Албанија тоа го имаше на ум секој ден кога беше Советот за безбедност, посочува Хасани.
Албанија за првпат беше избрана за непостојана членка на Совет за безбедност на ОН за периодот 2022-2023 година. Советот за безбедност на ОН го сочинуваат 15 земји од кои 5 постојани, а 10 непостојани.
Стекнувањето место во Совет за безбедност се смета за врв на достигнувањето за многу земји, бидејќи им дава силен глас за прашања во однос на меѓународниот мир и безбедност. Ова тело има моќ да носи обврзувачки одлуки – резолуции кои земјите-членки на ОН имаат обврска да ги спроведат.