Хебстрајт: Германија го честита чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа
– Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт денеска изјави дека Германија честита, како што наведе, на чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа.
„Сега се работи за преземање на водството за одржување и спроведување на договореното“, напиша тој на Твитер.
Хебстрајт посочи дека Германија ќе биде со Белград и Приштина за да се исполни европската перспектива.
„Ви честитам на овој исчекор за поставување на односите меѓу Србија и Косово на нова основа. Сега се работи за преземање на водечката улога за одржување и спроведување на договореното. Ќе бидеме со вас за да ја исполниме вашата европска перспектива“, напиша тој.