Борбата на Германија да го реши проблемот со недостигот од милиони квалификувани работници може да ја чини земјата местото – една од водечките економии во светот, доколку владата не преземе чекори наскоро, изјави денеска министерот за труд Хубертус Хеил.
-Ако сега не го решиме проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, тоа ќе стане главна пречка за растот во Германија, рече Хеил на конференција во Берлин.
Секој ден е се поважно „сите луѓе кои сакаат да работат, да почнат да работат, да добијат обука, рече министерот за економија Роберт Хабек.
-На долг рок, ова ќе биде одлучувачкото прашање дали Германија расте и дали може да се зголеми или да се одржи просперитетот во земјата, додаде тој.
Тој додаде дека во моментов се слободни стотици илјади работни места.
Министерот за труд Хеил ги наведе стабилното снабдување со енергија, забрзаното планирање и обезбедувањето квалификувана работна сила како најважни чекори за да се обезбеди германската економија да остане силна.
До 2035 година, седум милиони квалификувани работници ќе заминат во пензија, рече Хеил, цитирајќи студија на Институтот за истражување за вработување. Тој нагласи дека 1,6 милиони млади луѓе на возраст од 20 до 29 години немаат почетна стручна обука.
Младите на конференцијата се пожалија на недостаток на пракса во образованието и рекоа дека посетувањето стручни училишта се уште се смета за инфериорно во однос на студирањето на универзитетите.