ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЕРМЕНСКИОТ ПРЕМИЕР ИТНО СЛЕТАЛ: Позната е причината за принудното слетување на леталото, соопштила владата (ВИДЕО)

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека хеликоптерот во кој се наоѓал морал принудно да слета поради лошите временски услови и дека во инцидентот нема жртви.

„Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер неочекувано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме патувањето со автомобил“, напиша тој на Фејсбук.

Ванадзор се наоѓа на северот на Ерменија во долина опкружена со планини.

Пашинјан се соочува со протести дома поради неодамнешното предавање на четири погранични села на Азербејџан, како и победата на Баку во двете најнови војни за контрола на енклавата Нагорно-Карабах, во 2020 и 2023 година.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина овој месец во хеликоптерска несреќа во планинска област во северозападен Иран во тешки временски услови.