Хендикеп за Реал пред крајот на сезоната: Играчот од средниот ред се соочува со подолга пауза поради повреда

Фудбалерите на Реал Мадрид ослабени ќе влезат во крајот на сезоната во шпанското првенство и Лигата на шампионите, откако лекарите денеска објавија лоши вести за повредата на нивниот играч за врска.

Имено, Дани Себаљос го очекува двомесечна пауза откако го повреди полумембранозниот мускул кој ја зафаќа тетивата на левата нога.

„По денешните тестови што ги направи медицинската служба на Реал Мадрид врз нашиот играч Дани Себаљос, констатирана е повреда на полумембранозниот мускул што ја зафаќа тетивата на левата нога“, соопштија од Реал Мадрид, а Себаљос објави фотографија на социјалните мрежи и напиша дека започнал со процесот на опоравување.

Затоа, Себаљос ќе пропушти значаен дел од сезоната, а на теренот ќе се врати дури на почетокот на мај и ќе може да ги одигра последните осум кола од сезоната во Ла Лига.

Себаљос оваа сезона одигра вкупно 30 натпревари за Реал во сите натпреварувања и забележа две асистенции.