Хенри Кисинџер, контроверзниот нобеловец и моќен дипломат почина во средата на 100-годишна возраст, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма Кисинџер Асошиејтс.
Хенри Кисинџер, неговото првобитно име е всушност Хајнц Кисинџер, е роден во Фирт, на северот на Баварија, во семејство со еврејско потекло. Неговиот татко бил учител. Семејството ја напуштило тогашна нацистичка Германија во 1938 година.
Тој стана државјанин на САД во 1943 година, а докторирал на Харвард во 1954 година и до 1971 година работеше таму.
Од 1957 година беше на функцијата советник на Нелсон Рокфелер. Потоа, во 1968 година, тој стана советник на претседателот Ричард Никсон, задолжен за национална безбедност, што ќе трае дури и за време на Џералд Форд. Бил државен секретар, односно министер, од септември 1973 до јануари 1977 година. САД тогаш, како што изгледаше, се најдоа заглавени од ситуацијата во Индокина, нешто што изгледаше како ќор-сокак во Виетнамската војна, ситуацијата на Блискиот Исток, но и на други места, во Латинска Америка, Африка, па дури и во Европа.
Во тие години, влијанието на советската држава, или барем идеологијата, растеше низ целиот свет. Не само во земјите кои беа соочени со проблемот на деколонизација, секоја на свој начин, туку таквите идеи станаа општо присутни во академските кругови на Западна Европа.
Кисинџер потоа решава да направи нешто што претходно изгледало невозможно. Од средината на 1971 година постепено воспоставува посебни односи со властите на комунистичка Кина. Кисинџер го посетува Пекинг, најпрво неформално, подготвувајќи ја официјалната посета на Никсон на Кина, што ќе доведе до нормализирање на односите меѓу двете големи земји. Иако ова значително не ја олесни позицијата на САД во Индокина, тоа помогна да се зголеми нерамномерноста во блокот.
Потоа постигна договори со официјална Москва за ограничување на стратешкото оружје (договор SALT 1 и ABM).
Еден вид успех, со горчлив вкус, беше и Парискиот мировен договор, во јануари 1973 година. Добитник е на Нобелова награда.
Кисинџер беше активен и годинава откако го прослави стотиот роденден. Тој присуствуваше на состаноците во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана од Северна Кореја.