Херојско видео по пукањето во Канзас: Навивачите на Чифс скокнаа врз напаѓачот и го запреа!

Големиот инцидент се случи за време на прославата на четвртата Супербоул победа на Канзас Сити Чифс. Во град во сојузната држава Мисури дошло до пукање во кое едно лице загина, а десетици луѓе се повредени.

Крвавиот чин за време на настан кој е сè освен вистинското место за такви работи, сепак е обележан со херојска сцена.

Навивачите на Чифс забележале еден од двајцата напаѓачи и скокнале врз него додека не бил запрен.

Овој потег можеби спасил повеќе животи…