Хејли Бибер сподели фотографија од надуениот стомак и откри: Имам две цисти на јајниците (фото)

Манекенката Хејли Бибер неодамна преку Инстаграм им откри на фановите дека има здравствени проблеми.

Имено, таа преку Инстаграм стори сподели фотографија од надуениот стомак, а во описот наведе дека има две цисти на јајниците.

„Моментално имам две цисти на јајниците. Ако имате проблеми со цисти на јајниците, тука сум за вас“, им порача таа на своите следбеници.

Слика од екранот/Инстаграм

Според клиниката Мајо, цистите на јајниците не се невообичаени и многу жени ги имаат во одреден момент од животот. Повеќето цисти речиси не предизвикуваат непријатност и генерално се безопасни.

Сепак, големите или пукнати цисти „може да предизвикаат сериозни симптоми“, вклучувајќи карлична болка, исполнетост или тежина во стомакот и надуеност.

Но освен надуеност, Хејли не откри повеќе детали за нејзината здравствена состојба.

Сепак, ова не е прв пат Хејли јавно да зборува за својот проблем со цистата. Во 2022 година на Инстаграм објави дека има циста на јајниците со големина на јаболко и дека е болна. Потоа почувствувала мачнина и надуеност.

„Немам ендометриоза или PCOS – синдром на полицистични јајници, но неколку пати добив цисти на јајниците и тоа никогаш не е забавно“, напиша таа тогаш.