Хил: Заврши времето кога една балканска земја можеше да се жали во САД на друга земја! Регионот треба сам да си ги решава проблемите!
Поранешниот амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во САД и да се жали на друга земја. „Луѓето немаат време за тоа“, вели Хил кој смета дека очекувањата се регионот сам да почне да си ги решава проблемите. Хил не очекува САД да се мешаат во решавањето на проблемите на Балканот, вклучително и во спорот меѓу Косово и Србија, како што тоа Соединетите Држави го правеа во минатото. Според него, овој регион не е приоритет за САД, па затоа решенијата мора да дојдат одвнатре.
Дел од покарактеристичните нагласки од интервјуто на Хил за Радио Слободна Европа (РСЕ) во продолжение:
РСЕ: На форумот ГЛОБСЕК 2025 (GLOBSEC 2025) во Прага клучни теми се глобалната безбедност и трансатлантската безбедност. Како се вклопува Западниот Балкан во пошироката стратегиска агенда на Европа?
Хил: Сосема е јасно дека Европската унија разбира оти има некои недовршени работи и дека тие се во Балканот. Мислам дека сега разгледуваат како да се справат со прашањето за нови членки. Дали да го прават тоа со вклучување на една по една земја? Дали да ги вклучат сите заедно? Значи, има многу прашања таму. Секако, тие ги разгледуваат и прашањата за усогласувањата. Но, расположението е дека такво што Европската Унија навистина треба да се ангажира и да се погрижи за некои недовршените работи. Тоа е она што го гледаме сега.
РСЕ: Тука на GLOBSEC, рековте дека е тешко да се предвиди политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Каков пристап може да очекува Косово од неговата втора администрација?
Хил: САД ќе се потрудат да им кажат на земјите од Балканот да почнат сами да ги решаваат своите проблеми. Луѓето се малку уморни од тоа во време кога земјите доаѓаат кај нас, или во некоја западноевропска земја и се жалат на својот сосед. Главниот проблем, секако, е што во светот се случуваат и други работи. Веќе не живееме во 1990-тите. Живееме во сосема поинаква ера. Завршено е времето кога една балканска земја може да дојде кај нас и да се жали на друга балканска земја. Луѓето веќе немаат време за тоа. Значи, тие сакаат да видат некои модели на соработка, создадени во регионот, а не само секоја земја да оди кај некој омилен член на меѓународната заедница и да каже: „Помогнете ни“.
РСЕ: САД историски се еден од најважните и најсилните сојузници. Дали очекувате тоа да продолжи, или предвидувате промена во тонот, или приоритетите?
Хил: Овие прашања на Балканот се многу сложени, но сложеноста на овие прашања е надвор од интересот на луѓето да ги разберат. Значи, да се отиде во САД и да се каже – ги имаме сите овие проблеми со нашите соседи и така натаму. Луѓето велат, погледнете, секој има проблеми, решете ги. Ќе се очекува, без да се има нужен медијатор секој ден, без нужно да се посредува од невладини организации или пријатели, да се види како некои луѓе ќе се обратат на непосредните соседи, ако имаат проблем со нив и да се обидат да ги решат бидејќи меѓународната заедница едноставно се свртела кон друг приоритети. Не велам дека Балканот повеќе не е важен. Тоа е во голема мера недовршена работа во Европа. Но, луѓето на Балканот треба да разберат дека има и други работи што се случуваат во други делови од светот. И затоа не очекувајте луѓето да се откажат од проблемите, со кои се справуваат, без разлика дали е тоа во Украина, Блискиот Исток , за да речат: Косово, како и сите држави на Балканот, навистина треба да се покренат и да ги решат своите проблеми.
… Главно прашање на Балканот е тоа што луѓето зборуваат за територија, што зборуваат за земја. Но, вистинското прашање на Балканот, што треба да го разберат луѓето, е дека не е важна земјата, туку тие, луѓето. Прашањето е дали луѓето на Балканот сакаат да останат на Балканот или сакаат да се преселат некаде на друго место? И досега, оваа миграција на луѓе продолжува. Ова не е прашање на земја. Има многу земја. Прашањето е дали луѓето сакаат да останат, да работат и да живеат на Балканот.