Хит видео од Макрон и Мелони од Г7 Самитот! Дојде да ѝ ја бакне раката а нејзоната реакција ги ,,запали” социјалните мрежи (видео)

Светската јавност веќе со денови ја забавува реакцијата на италијанскиот премиер Џорџо Мелони кога францускиот претседател Емануел Макрон и’ пријде на самитот на Г7 во Швајцарија и ја поздрави.

Тензиите меѓу државниците ескалираа кога Италија побара да се отстрани референцата за „безбеден и легален абортус“ од последното коминике на овонеделниот самит на Г7 – нешто со што Франција не се согласува.

Макрон подоцна рече дека „жалосно е што во конечната декларација на Г7 недостасува зборот абортус“.

Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Макрон и’ пријде на Мелони, ѝ ја подаде раката и ја бакна, на што таа криво се насмевна, а подоцна, кога францускиот претседател си замина, се чини и дека ги преврте очите.