ХИТ ВИДЕО ОД ТОМ КРУЗ: Се „залета“ во кола на ПОЛИТИЧАР, па доживеа ЈАВЕН БЛАМ и милиони луѓе се шегуваат

Том Круз се најде во непријатна ситуација откако слета на лондонскиот хелиодром и се упати кон автомобилот наменет за британскиот премиер Риши Сунак .

Познатиот актер тргнал кон паркираниот автомобил, а потоа сфатил дека тоа не е наменето за него , па се упатил кон друг автомобил и им мавнал на обожавателите.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како британскиот премиер влегува во автомобилот во кој актерот се обидел да влезе, а видеото стана вирално, собра повеќе од 9 милиони прегледи и бројни коментари против Круз и Сунак.

„Невозможна мисија е добро име за изборната кампања на Сунак“, напиша некој, а друг додаде: „Едниот од нив е на невозможна мисија, а другиот е Том Круз “ .