Хит видео од Шведска: Никола Јокиќ гласно го пее хитот на Џеј по победата на неговиот коњ на елитната трка (видео)

Никола Јокиќ ја заврши својата НБА сезона порано отколку што многумина очекуваа, бидејќи Минесота ги победи со 4:3 во драматичната полуфинална серија на Западната конференција.

После тоа, за Јокиќ започна заслужениот одмор.

Сомборецот реши да оди на коњските трки во Шведска, каде во Стокхолм се одржува елитна коњска трка.

Во една од нив учествуваше коњот на Јокиќ, кој победи и му донесе голема радост.

На социјалните мрежи се појави видео на кое Јокиќ ужива во друштво на пријатели, а таму беше и актерот Лазар Николиќ.

Заедно едногласно го испеаа хитот на Џеј Рамадановиќ „Сунце љубави“.