ХИТ РЕАКЦИЈА НА НОВАК – По пристигнувањето во Бања Лука го прашале Ѓоковиќ дали ги пробал познатите ќебапи а неговиот одговор ги насмеал сите
По елиминацијата во осминафиналето на турнирот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ оваа недела настапува во Бања Лука на АТП турнирот Serbia Open (Србија Опен).
На турнирот во Бања Лука ќе настапат силни тениски имиња како Андреј Рубљов, Гаел Монфис, Борна Ќориќ и Стан Вавринка, а противник на Новак Ѓоковиќ на стартот ќе му биде Французинот Лука Ван Аше, кој во 1. коло го победи легендарниот Швајцарец, еднаш трет тенисер во светот со 1:6, 7:6, 6:4.
Новак Ѓоковиќ во понеделникот пристигна во Бања Лука и веднаш се обрати пред новинарите.
Пред новинарите Србинот одговараше на бројни прашања, а едно од нив привлече посебно внимание во јавноста.
Еден од новинарите го прашал најдобриот тенисер на светот дали ги пробал познатите ќебапи од Бања Лука, на што тој одговорил:
„Можеби во минатиот живот во кој јадев месо. Што се однесува до храната, јас сум многу задоволен. Сите се многу љубезни и сакаат да остават најдобар впечаток кај гостите. Сите се многу гостопримливи, а јас не се чувствувам како гостин во Бања Лука“.