На социјалните мрежи се шири видео од саемот за технологија што се одржува во Саудиска Арабија, на кој се гледа необичен потег на робот.
Имено, на видеото кое е прегледано повеќе од милион пати, во еден момент се гледа како робот по име Мохамед го допира задникот на новинарката Равија Касем.
Збунетата новинарка се сврте кон него и му даде знак да престане.
Saudi Arabia unveils its man shaped AI robot Mohammad, reacts to reporter in its first appearance pic.twitter.com/1ktlUlGBs1
— Megh Updates 🚨™ (@MeghUpdates) March 6, 2024
Видеото предизвика бурни реакции, а потегот на роботот многумина го коментираа на социјалните мрежи.
„Го програмираа да биде шмек“, „Робот заводник“, „Роботите имаат чувства“, беа само дел од коментарите.
Сепак, имаше и такви кои веруваа дека роботот само сака да подаде рака во моментот кога репортерот ќе го спомне неговото име.
„Ова е човечка грешка, а не грешка на робот “, се вели во еден коментар.
Инаку, роботската компанија „КСС“, која го разви Мохамед, објасни дека се работи за целосно автономен робот кој работи самостојно, односно без директна човечка контрола.
Тој е дизајниран да помогне во извршувањето на задачите во опасни услови и да ја подобри безбедноста на луѓето.